Уредничката на финскиот „Космополитан“ секое утро се буди во нејзиното удобно гнезденце со совршен скандинавски ентериер. Двособниот дом на Стина Мантиниеми, уредничката на тинејџерското списание е олицетворение на нордиската естетика, уреден минималистички, со неутрална палета на бои и удобни и тренди парчиња мебел.

Домот на новинарката во Хелсинки го уредија дизајнерите од студиото „Laura Seppänen Design Agency“. Идејата на дизајнерите беше да се уреди просторот во едноставна палета на бои- бела и црна, простор кој ќе изгледа беспрекорсно и стилски, но истовремено ќе го креира она чувство на „топол дом“ и ќе биде удобен и пријатен и за сопственикот и за честите гости.На моменти целиот ентериер изгледа како излезен од списание, подготвен за сликање на едиторијал. Мебелот е во скандинавски дух, со познатите Ејмс столчиња за трпезариската маса. Во дневната доминира впечатливото столче „Bertoia Diamond“, кое било главно вметнато по желба на сопственичката.Ентериерот ги има сите црти на типичен скандинавски дом со бели ѕидови, кујнски површини, мебел, подови и тавани. Белата боја му дава свежина и светлина на целиот простор, а кон оваа атмосфера придонесуваат и зелените саксиски растенија во дневната соба. Контраст на чистата белина е трпезариската маса од масивно темно дрво, како и повремениот декор во сиви и црни нијанси. По волја на сопственичката е избегнато користење на теписи , но и без тоа просторот има своја уникатна топлина и комфорт.Кујната, која е дел од дневната соба, го има истото тренди дизајнерски чувство како и целиот дом. Впечатлив елемент е црното лавабо и чешма, кои внесуваат динамика во белата кујна.Спалната соба е исто така уредена во минималистички ноти, со едноставен кревет и висока библиотека, која заедно со една фотографија е единствениот декор во собата.Главно дизајнерите избегнуваат претеран декор во просторот. Единствените декоративни елементи се неколку модни фотографии и саксиското цвеќе, кое внесува природна нота во целиот минималистички уреден простор.