Елегантна и релаксирана атмосфера владее во ентериерот на овој луксузен апартман во Сао Паоло. Со смирувачки тонови и со природна нота од грандиозните библиотеки од темно дрво, просторот е уреден од бразилското архитектонско студио „МК27“.

Овој софистициран дом се протега на удобни три ката, низ кои се распоредени интимни спални соби и заеднички простории како библиотека, кујна, трпезарија и соба со релаксирачки внатрешен базен.

studio-mk27-sp-penthouse-sao-paulo3

Срцето на домот и можеби најимпресивен простор во целиот ентериер е дневната соба и библиотеката. Ѕидовите на дневната од подот до покривот се прекриени со дрвени библиотеки во темни тонови, внесувајќи ја релаксираноста и истовремено возбудата што ја носи во себе самиот акт на читање и откривање нови светови. Стилот е ретромодерен, со парчиња мебел со винтиџ-ноти и лик. На двата ѕида под дел од библиотеките се отворени широки прозорци, до кои има изработено елементи што може да служат како удобен простор за читање. Прозорците овозможуваат дневната да биде облиена во дневна светлина, а истовремено нудат и поглед кон градот.

studio-mk27-sp-penthouse-sao-paulo8

studio-mk27-sp-penthouse-sao-paulo5

Ретромодерниот мебел доминира и низ другите простории. Архитектите направиле мал трик за долгите ходници да служат истовремено и како неформални галерии низ кои се изложени многубројните уметнички дела што ги има семејството. Ходниците на првиот кат водат кон спалните соби уредени софистицирано и удобно со винтиџ-парчиња, на вториот кат се фасцинантната дневна, кујната и канцеларијата, додека, пак, третиот кат е простор за уживање со мало спа, внатрешен базен, фитнес-простор и со внатрешна зелена градина во која може да се згрее срцето во студените зимски денови.

studio-mk27-sp-penthouse-sao-paulo5 studio-mk27-sp-penthouse-sao-paulo7