Забавна атмосфера и шаренило од бои и идеи доминира во новиот работен прост на coworking канцелариите „WeWork“ во Шангај. Просторот за заедничка работа се наоѓа во стара фабрика за опиум која е целосно трансформирана во современи и динамични канцеларии со релаксирана и инспиративна атмосфера.

Канцелариите ги уреди дизајнерското студио „Linehouse“, кои си играле со креативен декор, бои, удобен мебел и различни идеи и комбинации. Целиот простор потсетува на големо креативно кафуле каде може без никакви формални пречки луѓето да се дружат, работат, творат и организираат големи заеднички настани. Направена е и хармонична комбинација меѓу современиот дизајн и старата индустриска структура, ѕидовите од црвена тука кои внесуваат индустриска нота и доза историја во креативното работно шаренило.Рушејќи ги дизајнерските стереотипи за канцелариски простор, работните бироа се поставени околу голем бар, каде вработените може да земат кафе, пијалоци или пак појадок и ручек. Благодарение на овој стратегиски потег на архитектите, канцелариите изгледаат токму како големо кафуле за пријателски, неформални средби и социјализација. Во големиот простор има доволно место за 1.300 вработени кои ги делат канцелариите.

Идејата и на сопствениците и на архитектите била целосно да се искористи големиот индустриски простор и да се овозможи оние кои ќе поминуваат во него да се чувствуваат пријатно, како на патување низ светот на забавата, прославите и воајеризмот, поради што и целиот простор е отворен, со океанска структура наместо ѕидови и помали канцеларии. Забавен елемент во целата структура се старите челични згради во центарот на просторот, кои се бојадисани во живи, топли бои и го креираат оној забавен, славенички карактер на просторот. Покрај циглите и челикот како градежни материјали, во ентериерот доминира и топлото природно дрво, од кое се изведени бироата за работа споени заеднички во долги маси, со цел да се поттикне повеќе соработка и заедничко работење на идеи и проекти. Мебелот е со индустриски ретро шарм, големи кожени софи и удобни столчиња. Особено ефективно е осветлувањето, изведено од десетици топчести лустери поврзани со една голема мрежа низ целиот таван.Освен работниот простор архитектите се потрудиле и споредните простории, како тоалетот да бидат еднакво забавни и добро уредени. Во тоалетот владее шаренило од пастелни бои и плочки со геометриски дезен, кој ја пренесува целата релаксирана и игрива атмосфера која владее и во работниот простор.