Кинеското архитектонско студио „XL-muse“ дизајнираше креативна книжарница изведена како мал урбан град од книги. Подот исцртан со бели ленти што потсетуваат на долг пешачки премин на улица и необичните инсталации на ѕидовите прошетката низ книжарницата ја прават да наликува на долго лутање низ улиците на Шангај со добра музика и со тајни мечти.

Книжарницата се наоѓа во трговскиот центар „Reel“ во Шангај. Иако потсетува на урбана улица, атмосферата во неа според начинот на кој е организиран и уреден просторот е смирувачка и хармонична, креирајќи тивок интимен простор каде што може да се изгубите со часови задлабочени во илјадниците книги.

xl-muse-bookstore2

Просторот е хармоничен, ненатрупан, минималистички уреден. Книжарницата е поделена на посветол дел како улица осветлена од големи светлечки реклами и бели изложбени пултови, огромен потемен и поинтимен коридор прекриен со книги од таванот до подот, кој потсетува на прошетка покрај речниот кеј осветлен од стари канделабри, кој пак води до кафулето во индустриски стил каде што може да се ужива во добро кафе, топол чај и тазе купената книга. Просторите се прелеваат спонатно еден во друг, потсетувајќи на урбано истражување на големите градови каде што вртењето на една уличка ве носи во кварт со сосема поинаква душа, во ново, неочекувано и пријатно изненадување.

xl-muse-bookstore4

Визуелно и естетски, просторот има магнетска привлечност и уште од погледот низ транспарентниот изглед немате друг избор освен да се нурнете во овој необичен литературен и дизајнерски свет и ново катче за уживање во добрата книга.

xl-muse-bookstore6 xl-muse-bookstore7