Природата е најдобриот архитект и најдобриот пријател за незаборавни авантури. Викендов Крушево ги ‘отвора’ вратите на своите природни убавини за сите љубители на спорт и авантура во природа преку второто издание на фестивалот „When in Krusevo“. Фестивалот нуди можност за активен викенд на над 1.000 метри надморска височина, исполнет со голем број спортски и забавни активности на отворено.Спорт и спортски авантури преку ден, забавни музички концерти во вечерните часови. Фестивалот на крушевското езеро предвидува голем број спортски настани како планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и голем број други настани.

Во програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните планирана е и ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.

Авантуристите кои викендов сакаат да го поминат целосно на отворено може да кампуваат во камп зоната организирана покрај езерото во Крушево.

Заинтересираните може да се пријават на фестивалот и да резервираат место на веб страните на When in X или MkTickets, или пак во Југотон и Универзална Сала.