Детските фантазии може да се остварат без разлика колку години имате. За тоа сведочи и овој украински апартман што се протега на две нивоа на врвот од историската зграда, изградена во 1917 година, каде што, наместо скали, преминот од горниот кон долниот кат оди преку детска лизгалка. Домот привлекува со креативниот тобоган со кој се спуштате од горниот на долниот кат, но и со својот релаксирачки ентериер во модерни бои и елегантни светлечки елементи.1Новите сопственици сакале нивниот нов дом да зачува дел од историскиот дух на архитектурата, но и да ги воодушеви нивните гости при секоја посета. Еден од начините на кои го постигнале „wow“ ефектот е со инсталирање лизгалка што ги поврзува двете нивоа. Новиот апартман во суштина е спој од два посебни стана, кои архитектонското студио по барање на новите сопственици ги реорганизира и ги спојува во еден на сосема иновативен начин. Становите сè уште стојат индивидуално, едниот одговарајќи на колективните потреби на семејството, односно „вдомувајќи“ ги заедничките простории, а другиот нудејќи приватен простор за спалните соби и за бањата, меѓутоа сега се забавно споени со огромната лизгалка.

367Дневната соба, трпезаријата и кујната го добиле своето место на првиот кат, каде што се сместени и идните детски соби, додека, пак, на вториот кат е сместена спалната на родителите, работната соба и бањата. Старата локација на скалилата претставувала визуелна пречка во основата, така што биле преместени во кујната, искористувајќи го потскалишниот простор како дополнителен ѕид со вградени кујнски елементи.45Просторот е уреден во современ стил, со комбинација на палета на пастелни, релаксирачки и возбудливи тонови. Архитектите голем дел од мебелот го извеле од светло дрво што е во хармонија со парчињата мебел и со ѕидот во нежносива и бела боја. Енергија во просторот внесуваат парчињата мебел во возбудливи тиркизни нијанси во дневната и во трпезаријата. При реновирањето на просторот се отворени и голем број нови прозорци и балконски врати во ѕидовите на долниот кат и на таванот на горниот апартман, со што целиот ентериер во текот на денот е облиен со силна дневна светлина.10111216Покрај тобоганот, кој внесува забавна црта и потсетува на безгрижните детски денови, особено впечатлив елемент е внатрешната вертикална градина, поставена на ѕидот до дневната соба, покрај која поминувате при брзото спуштање од горниот кон долниот кат на овој модерен и креативно уреден дуплекс. Со вертикална градина, која има функција на преграда помеѓу кујната и дневната соба, воедно се пополнува инаку празниот, безличен ѕид.1920151413