Ретро-елегантна хармонија во пастелно. Вака би го опишале новиот ресторан и коктел бар „Clerkenwell“ во Мелбурн, проектиран од дизајнерскотот студио „Biasol“. Коктел барот се наоѓа во простор на стар индустриски магацин, кој е трансформиран во отмен ресторан со удобен мебел и декор со ретро линии.

Во просторот доминира дрвото и дизајнерски мебел во пастелни тонови, кои креираат елегантна и релаксирачка атмосфера. Стариот магацин е поделен на три дела во ресторан, коктел бар и бар во подрумот за ноќна забава.За подовите е задржан стариот дрвен под, кој со својот изветен лик прави контраст на новиот луксузен мебел со ретро ноти. Столчињата се прекриени со кадифе во нежна пастелна розева нијанса, додека пак големата клупа за седење која се протега во „ге“ низ целиот простор е прекриен во морнарско сина боја. Истата нијанса е искористена и за дел од ѕидовите.Ретро атмосферата во ентериерот е поттикната со осветлување и декор од месинг, кој како материјал е искористен и за ногарките на столчињата и масите од мермер. Декорот е главно интересни огледала со заоблени линии и нежно осветлување во винтиџ стил.Архитектите од Мелбурн коментираат дека целеле кон креирање елегантен, а сепак живописен и и игрив ентериер, кој ќе креира контраст на старата индустриска атмосфера на просторот.