Малку смели бои, свежи бели ѕидови, неколку доброврамени постери или фотографии и понекое креативно парче декор е си што е потребно за трансформирање на стари, монотони простори. Познатиот блогер Дабито од блогот Old Brand New и неговата пријателка Хан ги следеле токму овие чекори за преуредување на нејзината стара гостинска куќарка во Лос Анџелес.

Просторот е светол, полн топли бои благодарение на мебелот и декорот и изгледа како вистински мал домашен рај за одмор и за уживање. Меѓутоа, обајцата се соочиле со голем предизвик при преуредување на просторот. Куќарката е значително тесна и сите соби, и дневната, спалната кујната и трпезаријата се во еден мал простор, без никакви ѕидови. Претходните сопственици во неа го имале оставено стариот, едноличен и темен мебел, кој создавал депресивна слика и атмосфера во целиот простор.

Han's+Guest+House+Makeover2

Претходниот изглед на станот

При интервенцијата бил тргнат речиси целиот стар мебел, освен креветот, кој е освежен и подобро декориран за да се вклопи хармонично во новата ведра атмосфера во ентериерот. Ѕидовите се освежени со бела боја, која внесува светлина во просторот, стариот тросед е заменет со нов во смела жолта боја, која придонесува за светлината и топлината на просторот. Потпирачот на креветот е тапациран со материјал со дезен на лисја од палма. Кон овој цветен мотив се приклучува и многубројното зеленило во просторот покрај креветот, во дневната соба, кујната, па дури и на дел од врамените принтови поставени над жолтиот тросед.

©Old Brand New

Со цел да се задржи целата идеја за ведар простор со тропска нота, изведени се ролетни од бамбус, кои внесуваат природна црта и истовремено топлина во просторот. Топлина внесува и клуб-масичката од масивно дрво во винтиџ-стил со модерни ногарки во дневната соба.

©Old Brand New

©Old Brand New

Декорот е минимален, со доброодбрани парчиња со современ и ретромодерен дизајн. Некогаш тажниот простор сега е топло, светло и ведро катче за уживање и за одмор.

©Old Brand New