Удобност и гламур се забележуваат уште на прв поглед во овој апартман во Вилнус. Просторот го уредија локалните архитекти „Interjero Arxhitektura“, кои во просторот вклопиле современ мебел, минималистичка естетика и неутрални тонови кои придонесуваат за пријатно и релаксирачко домашно гнезденце.

Сопствениците на апартманот сакале удобно уреден мал стан каде ќе може да одморат за време на нивните посети на Вилнус. Станот се наоѓа во стариот дел на градот, во реновирана станбена зграда од 1904. Просторот истовремено е и минималистички едноставен и динамичен преку еклектичниот микс на мебел, бои и дезени.Во дневната соба се искористени неутрални тонови, темно дрво за подот. Меѓутоа како искра во просторот се софата во сина боја и креативниот лустер во бронзени ноти. Делот од таванот каде е поставен лустерот е прекриен со тапет со интересен геометриски дезен.

Кујната и трпезаријата се споени во едно, со практичен шанк на кој може да се работи и ручева. Дизајнерите тука вметнале и елементи од индустриски дизјан, преку барските столчиња кои потсетуваат на стари училишни столчиња во индустриски стил.Бањата е особено интересна благодарение на плочките со различни геометриски дезени, кои креираат игрива атмосфера во малиот простор. Игривиот простор е надополнет со индустриски ламби и завршници за славините со позлатени нијанси. Спалната е најрелаксирачка и во минималистички тонови, со удобен кревет во сива нијанса и ѕид во сина боја, изведен во „омбре“ ефект.Целиот простор е интересен микс на современиот, винтиџ и индустриски стил, комбинирани заедно во удобен и креативен дом исполнет со природна светлина.