Чекањето на шалтер во државни и општински институции честопати фрла во очај. Делумно поради процедурите, делумно поради монотониот и здодевен ентериер во овие објекти. Интересна отстапка од ова е новата општинска зграда во холандскиот град Кортријк, проектирана од холандските архитекти „Cnockaert Architecture“.

Ентериерот на општинската зграда е вистинско освежување во дизајнот на ваквите јавни објекти. Изгледа игриво и креативно, овозможувајќи целиот процес на чекање за бирократските процедури да биде малку полесен. Просторот е поделен со интереси мали дрвени кострукции и инсталации, дрвени елементи во светла боја, големи дрвени букви кои ги означуваат различните сектори. Направена е игра со светли тонови низ целиот простор, кои ја прават зградата пријатна и порелаксирачка.Објектот се наоѓа во центарот на градот, во зграда на поранешна банка која се користи како нов објект за старата општинска зграда. Како објект има важна улога во центарот на градот среде главниот градски плоштад. Поради ова е направен обид објектот да придонесе кон јавниот простор и да биде достапен до сите и доволно интересен за урбаниот живот во градот.Со цел ентериерот да помогне за ефикасноста на јавните услуги, подобрен е влезот во објектот од три различни страни, додадени се рампи за луѓето со физички пречки, креирани се чекални околу шалтерите кои се интересни за децата кои доаѓаат и чекаат со родителите, а самите шалтери се подостапни и полесни за чекање и услужување. Ентериерот е игра на индустриското и природното, преку соголените сурови сиви бетонски ѕидови измешани со конструкции и инсталации од светло дрво. Граѓаните ги дочекува информативен шалтер изведен со современ дизајн од дрво, од каде потоа се упатуваат кон различните шалтери и сектори.  Во центарот на просторот се наоѓа дрвена куќарка, каде може да чекаат и повозрасните и најмалите и да си играат без да додеваат никому додека не се заврши работата. Секој од шалтерите има дрвени броеви пред нив, кои придонесуваат кон игривиот карактер и јасно го разделуваат едниот од другиот шалтер. На секој од шалтерите се поставени и дрвени табли со конкретниот број. Архитектите внимавале да има едноставен и природен тек низ целиот простор, со цел движењето и наоѓањето на конкретниот сектор да биде лесно и без никакви проблеми за посетителите.Природните материјали и светлите бои придонесуваат ентриерот каде се услужуваат граѓаните да биде топол и пријатен, а со тоа и да изгледа поотворен и поуслужлив за нивните потреби. Низ целиот ентериер е искористен современ и удобен мебел, каде може удобно да се причека додека се завршат обврските со јавната администрација.