Реорганизација на просторот во удобен апартман од 65 м2 во Тел Авив беше главниот предизвик за израелската дизајнерка Далит Лилентал. Лилентал работеше на преуредување на овој дом со цел да му се овозможи поголема пространост и удобност на ентериерот и истовремено просториите да се преуредат со цел да одговорат на едно мало растечко семејство кое веќе има едно дете и го очекува второто.

Станот според претходниот ентериерен план бил значително затворен и задушен, без добра комуникација меѓу просториите. Лилентал целела кон тоа заедничките простории да бидат поврзани за родителите да може да внимаваат на детето во секое време, а истовремено и да има поголема семејна дружба и комуникација и додека се работат домашни задачи, додека се готви или гледа телевизија заеднички.

tel aviv aparatment2

За оваа цел, внатрешните ѕидови од стариот ентериер биле целосно срушени и изготвен е нов отворен ентериерен план. Кујната е отворена и поврзана со трпезаријата и со дневната соба, така што оној кој готви има директна визуелна врска и простор за разговор со другите во дневната соба. Покрај отворањето и поврзувањето на трите простории, овој дел од ентериерот е освежен со бела боја, современ мебел и ведри парчиња декор во пастелни бои. Ваквото уредување му дава хармоничен и ведар тон на овој семеен простор.

tel aviv aparatment1 tel aviv aparatment3

Иако ентериерниот план е изменет, станот има само две спални соби кои сега се поврзани и истовремено одделени со заедничката бања. Едната спална е на родителите, додека пак другата е детска соба со можност, штом дојде второто дете, да се видоизмени и да се надополни со втор детски кревет. Наместо нормална врата, има две врати на лизгање кои одземаат многу помалку простор од стандардна врата. Ваквиот потег овозможува собата полесно да се поврзе со другите простории во домот.

tel aviv apartment 4

Со цел да се добие простор, дизајнерката има дизајнирано и вградено посебни фиоки и плакари со цел да се добие простор и да се овозможи станот да има послободна, пространа атмосфера за малото среќно семејство.

tel aviv apartment 5