Живеењето во црква на прв поглед не изгледа како природна идеја. Меѓутоа дел од напуштените цркви низ светот често паѓаат во раце на семејства со креативни идеи и соработка со добри дизајнери кои успеваат црковниот простор да го пренаменат во современи, удобни домови. Уникатните црковни структури во рацете на дизајнерите целосно го менуваат ликот и карактерот, прераснувајќи во ремек дела на современиот дизајн и уредување. Во продолжение споделуваме шест проекти од стари црковни објекти трансформирани во креативни современи домашни гнезденца.

Стара евангелистичка црква во Холандија

Фантастичен висок таван со бели греди, минималистичко уредување, голем прилив на природна светлина од бројните стари црковни прозорци се само дел од шармот на овој современ хом во стара евангелистичка црковна зграда во Холандија. Проектот го работеше архитектонското студио „Leijh Kappelhoff Seckel van den Dobbelsteen architecten“ кои успеаа да направат креативен спој меѓу современиот дизајн и старата архитектура на објектот. Архитектите ги задржаа оригининалните прозорци и дрвениот покрив, а внесоа современ дизајн преку удобниот мебел и невообичаената скалишна структура од дрво, покриена со тепих од црвена боја кој внесува живост и динамика во ентериерот. Нов дом во црква во Чикаго

Во срцето на домот на Чикашката архитектонска школа, архитектонските студија „Linc Thelen Design“ и „Scrafano Architects“ трансформираа црковен објект во современ дом за петчлено семејство. Високиот таван, белите површини и дрвениот под помагаат просторот да изгледа просторен и голем без да има потреба за преголема интервенција и декор. Во просторот има хармонична игра меѓу белите површини и црните детали како високиот камин во дневната соба и парчињата мебел. Отменост на просторот му даваат елегантни позлатени парчиња декор и лустери.
Викторијанска црква во Лондон

Луксузен и елегантен ентериер во црно-бели тонови, со екстравагантен мебел и специфични декоративни и практични парчиња. Вака изгледа новиот семеен дом во една викторијанска црква во Лондон. Огромниот простор го преуредија дизајнерите од студиото „Gianna Camilotti Interiors“. Опкружени со современите парчиња мебел никогаш нема ни да знаете дека се наоѓате во поранешен црковен објект. Меѓутоа старото и новото хармонично коегзистираат во просторот во кој се зачувани старите црковни витражи на прозорите, автентичните рамки за прозори, како и старите црвени греди. Црното пијано во дневната соба на моменти потсетува на црковните оргули.
Методистичка капела во Англија

Новиот ентериер на некогашната методистичка капела во Англија потсетува на простор со современ индустриски шарм. Стариот црковен објект може да се изнајми преку Airbnb за уникатно уживање додека патувате низ Англија. Плочките со игрив дезен, индустрискиот мебел и осветлување во комбинација со старите градежни елементи како дрвените потпорни греди и самата структура го прават просторот вистинска бомбона за љубителите на добриот дизајн.

Шик дом во Њујорк

„LABLstudio“ преуредија стара чешка црква во топло современо семејно гнездо со бохо шарм. Во просторот е распореден модерен мебел во топли динамични бои, кои го прават да изгледа удобно и релаксирачки во секое време.