Новиот „coworking“ простор на „Kolektifhouse“ во Истанбул е интересна комбинација на формална и лежерна канцеларија. Микс на суровиот индустриски стил и лежерниот урбан стил со многубројно зеленило во ентериерот, канцелариите се протегаат на простор од 2700 м2 во стара фабрика. Целиот објект е реновиран и преуреден со различен тип на канцеларии, конференциски сали, отворен заеднички простор со вкупно 75 приватни канцеларии за околу 150 постојани и привремени членови кои, наместо да отвораат посебна канцеларија, сакаат својот простор да го делат со други фриленсери или помали компании и така да ја шират мрежата на соработници.

kolektifhouse-kontra-architecture4

kolektifhouse-kontra-architecture1

Канцелариите ги уреди архитектонското студио „Kontra architecture“, кои главно се одлучиле за индустриски стил за просторот. Ѕидовите во дел од канцелариите се изведени од сурова црвена тула, светлата се со погруб дизајн и основа од железни цевки, дел од просторот е изведен само од натур бетон, елементи кои посочуваат целосно на индустрискиот стил. Мебелот во салите за состаноци е изведен од дрво со потемни или посветли нијанси во отмен стил, но со остри геометриски линии. Индустрискиот стил во суштина е и посвета на стариот дух на фабриката во која се сместени современи канцеларии.

kolektifhouse-kontra-architecture3

Низ целиот индустриски простор суптилно се распоредени растенија кои внесуваат свежина во канцелариите

Впечатливи се заедничките простории за релаксација и неформална работа и состаноци кои се уредени со винтиџ-удобен мебел, Честерфилд софи и декоративни елементи во силни бои кои внесуваат топлина и комфор во просторот. Интересен дел е и големата сала за различни настани или само за релаксација, изведена со мал аудиториум од дрво, опкружена со зеленило и со удобен мебел. Архитектите тука си играат со таванот, кој е во шема на шаховска табла со метални панели.

kolektifhouse-kontra-architecture5 kolektifhouse-kontra-architecture6 kolektifhouse-kontra-architecture2

На терасата и во ентериерот архитектите си играат и со идејата за простор кој наликува на плажа, уредувајќи го со удобни дрвени лежалки и со мурали со релаксирачки природни мотиви.

kolektifhouse-kontra-architecture9