Екстравагантниот стил и префинетоста на париските дами се отсликани во ентериерот на француската деократорка Флоренс Лопез во срцето на Париз. Ентериерот го греат топли, живописни бои, отмени парчиња мебел, уметнички дела и антиквитети. Само еден чекор во него и се чувствувате како да сте во некој од прекрасните музеи на градот на светлината и модата.

Лопез е позната како дизајнерката која ги има уредено домовите на актерката Шарлот Гинзбург, актерот Жерард Департдје, но и кај музичарите од „Дафт Панк“. Самата таа живее во фасцинантно уреден, простран апартман во зграда од 17 век во Париз. Нејзиниот дом, благодарение на нејзиниот динамичен карактер, постојано го менува и преуредува. Во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ вели ентериерот е редизајниран 18 пати во последните 24 години и се шегува дека исто како да живеела во 18 различни станови, а на иста адреса.Просторот е дизајниран елегантно и отмена, но со една црта на бо-хо слобода и уживање преку живописните бои во просторот. Како што потенцира Лопез, таа својот дом го гледа како привремено живеалиште, како живот во брод или воз, место кое постојано се менува, поради што се обидува при секое различно декорирање да пренесе големо чувство на хедонистичко уживање во сите бои, мисли и мириси на животот.

„Просторот не е ништо без флуидност и атмосфера“, вели Лопез.Нејзиниот специфичен стил и одмерен стил прави ентериерот да биде вистинско егзотично уживање за сетилата. Ниту еден агол од просторот не е здодевен и монотон, секој дел е посебна приказна и патување. Дневната соба е карактеристична по големиот мурал на ѕидот, надополнет со креативниот ретро отоман и фотелја, сите во релаксирачки сино-сиви нијанси. Впечатливо парче е и големата библиотека од дрво во винтиџ стил, со посебен благодорен лик.Ентериерот е современ и забавен, но истовремено и инспиративен и предизвикувачки за сите сетила додека се ужива и одмара во домот.   Фотографии: Matthieu Salvaing, Wall Street Journal Magazine