Events

Магазин за архитектура, ентериери и дизајн.

Design.mk

8 март, 2016

42. Меѓународен саем за мебел 2016

Годишно издание на саемот „Мебел“ во Скопје

22-27 март

10.00-20.00

Скопски саем

42. Меѓународен саем за мебел 2016

Меѓународниот саем „Мебел“, кој традиционално се одржува на Скопскиот саем, оваа година го бележи своето 42. издание. Со времетраење од шест дена, од 22-27 март, на саемот ќе бидат претставени најновите трендови на мебел и декоративни додатоци, опрема за домаќинства и јавни објекти, како и новитетите од областа на репроматеријалите и производните технологии.

Со сè поголема посетеност низ годините, саемот доби карактер на интернационален настан во доменот на дизајнот на мебел и ентериер, на кој заземаат учество повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.

Оваа специјализирана комерцијално-изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

[fb_button]

,

Most Visited

Events

View all events

Projects

View all projects

Tag

Ентериер Италија Париз Скопје апартман архитектура декор дизајн дом дрво индустриски дизајн индустриски стил инсталација канцеларии кафуле комерцијален ентериер кујна куќа мебел моден дизајн накит направи сам обнова осветлување приватна куќа реновирање ресторан студентски проекти уредување хотел