Кога размислувате за уредување на домот, дали се замислувате како хедонисти што сакаат само удобно парче мебел кое ќе понуди мал рај за уживање на домот, ќе ви овозможи целосно опуштање, комфор како да одморате на плажа, без каква било грижа на светот? Брендот за модерен и лежерен мебел „Fatboy“ со своите удобни фотелји, табуретки и лежалки се обидува да им понуди уникатни дизајнерски производи на оние со див, урбан дух, кои го бараат она забавно парче мебел што ќе изнуди насмевки и задоволство на нивните лица и истовремено ќе им овозможи поопуштено и релаксирано живеење.

Original_Special-big_doodle_lime-model

Original-pink-modeluuuuu7777

Разнобојни, меки и удобни, фотелјите и табуретките „Bean Bags“ што ги дизајнира „Fatboy“ се идеални за домашните, комерцијалните и деловните екстериери и ентериери. Со нив домот веднаш заликува на удобно, релаксирано урбано место, кафулињата потсетуваат на топла домашна атмосфера, а деловните простори добиваат позабавна и неформална црта. „Bean Bags“ претставуваат повеќе од меки табуретки на кои се седи или се лежи, тие креираат посебно магично катче во кој било простор во домот, во дворот или на работното место во кое за миг ќе можете да се „исклучите“ од она што ве опкружува и да се препуштите на кус релаксиран одмор и патување со мислите.

Original_Special-big_persian_lime-model

Original-Stonewashed-brown-model4444

Меките фотелји „Bean Bags“ се изработени од квалитетни и издржливи материјали со топли, весели бои и мотиви и меко полнење – карактеристики што ги прават врвни елементи што беспрекорно се вклопуваат во секој ентериер и екстериер и долгорочно нудат комфор и удобна релаксација. Табуретките се лесни за пренесување, прилагодливи на секој тип ентериер и екстериер и го нудат неопходниот комфор за корисникот да посака да се нурне во нив со добра книга, тетратка за скицирање или само за гледање добар филм.

За подетални информации за цените и понудите исконтактирајте нè на 078 214 815 или на [email protected]

metahlowski-silvi-white4

^0DF661CCC43BDABADB32F0A3FB75529016581BFEBC30398624^pimgpsh_fullsize_distr