Училишна зграда со современа архитектонски црти, енергетски ефикасна и еколошка е предлогот на студентките по архитектура Вања Јефтимова и Патриција Спасевска за основно училиште во Скопје. Студентките по архитектура на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ Скопје работеа на проект за основно училиште во населбата Ѓорче Петров во Скопје во рамки на предметот „Архитектонско проектирање“.

Јефтимова и Спасевска во својот предлог ги земаат предвид потребите на учениците, нудат објект со современ лик и ентериер, но проектираат и зграда која ќе биде и интересен јавен простор и нуди зелени површини, кои може да служат и како јавни паркови за граѓаните кои живеат околу училиштето.

Во продолжение описот од авторите за проектот.

Автори: Патриција Спасевска/ Вања Јефтимова
Педагошки тим: Проф. Д-р Мартин Гулевски / М-р Паолина Милушева
Проектна задача: Образование, Основно училиште
Локација: Населба Ѓорче Петров, Скопје
Година: 2016Семестрална задача во учебната 2016/17 година за предметот Архитектонско Проектирање 1  предвидува програмирање и проектирање на еден образовен објект за основно училиште во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Локацијата е опколена со ниско семејно домување, со што е овозможено поволно осночување на училиштето. Тоа е планирано за одделенска и предметна настава, и нуди место за околу 1000 ученици, кои ќе бидат поделени во две смени.Концепт
При процесот на концептуалното обликување и димензионирање, главните простории на училиштето, се поставени околу аула. Самото позициноирање на објектот за максимално искористување на сончевата светлина ориентирајќи ги училниците на исток, југ и запад се создава самата форма на училиштето каде главната карактеристика и главна точка е самата аула на објектот. Концептот врз кој е проектирано ова училиште е: естетски придонес, енергетска ефикасност и добар еколошки пример за сите граѓани. Користените соларни панели заедно со бојлерите поставени на кровните површини доведуваат до тоа овој објект да се подведе под поимот ‘’Пасивна Градба’’. Додека пак, концептот на околните површини на училиштето се води по идејата тие  да нудат богата спортска содржина, проектирани паркови за дружба и активности поврзани со агрокултурата. Проектна програма
Основа на приземје
Програмата во училиштето е поделена на две нивоа. Пристапот до самиот објект, е овозможен преку два главни влезови, едниот е од северната страна на локацијата и тој е предвиден како главен влез за учениците, кој е збогатен со партерно уредување за игри, додека на јужната страна е административниот влез низ кој пристапува до самата администрација.
Краците со училници се поставени околу аулата која во својот состав има библиотека на три нивоа која води до првиот кат и е повеќенаменска за најразлични школски активности и настани.  Самата аула е покриена со стаклен кров и челична конструкција, кој е предвидено да содржи специјализиран механизам за натскривање на стаклениот кров, кој по потреба ќе пропушта одреден спектар на светлина, зависно од годишните периоди. На исток се сместени училниците за одделенска настава кои се во директен контакт со дворот. Овие училници се поставени на приземјето за одржување на настава во природа, а како програма плус се поставени садници во дворот на училиштето каде учениците ќесе запознаат со влијанието и важноста на земјоделството, како и храната што ја јадат и нејзиното потекло.
На приземјето покрај, администрацијата е сместена и трпезаријата која одреден дел од денот служи и како бифе. Западниот дел е во контакт со спортската сала. На оваа страна  од локацијата се предвидени богати спортски содржини за игра и рекреација, за правилен развој на децата. Оваа страна е исто така во непосредна близина со реката Вардар па спортските настани може да протекуваат кон самиот кеј.Основа на првиот кат
Горниот кат е галерски поставен и ориентиран кон аулата. На овој кат се сместени просториите за предметна настава, кабинети за јазици, историја, географија, какои специјализирани кабинети по физика, хемија и биологија, ликовно и големата музичка просторија.