Услови за користење

Добродојдовте на платформата за архитектура и дизајн Design.mk. Со овие услови и правила Ви се овозможува користење на содржините и услугите на Design.mk. Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат.

Содржините на нашиот портал се бесплатно достапни за сите корисници. Меѓутоа строго е забранета нивна злоупотреба и користење за незаконски цели.

На корисниците на порталот не им е дозволено:

1. Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постоечките закони на Република Македонија или меѓународните закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин

2. Објавување, испраќање или размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штта на други корисници

3. Лажно претставување

4. Објавување, испраќање на содржини на корисници без нивно барање или согласност

5. Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој друг компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема

6. Користење на порталот за испраќање односно ширење на небарани комерцијални содржини (спам)

Design.mk се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на корисниците и посетителите. Нашиот сајт не прибира и не чува лични податоци за корисниците кои го посетуваат сајтот, освен доколку самите не ги обезбедат при регистрација на сајтот и е-известувачот. Во тој случај податоците се чуваат во тајност, се користат само за целите за кои се отстапени односно информирање и комуникација со корисникот и не се отстапуваат на трета странка.

Содржините на порталот може да се користат само за индивидуални потреби и информирање на корисниците. Сопствените содржини на Design.mk се заштитени со авторски права и нивното менување и позамување е можно со претходна писмена дозвола од нашиот уреднички тим. Доколку сметате дека нашиот портал ги има повредено Вашите авторски права може да ни пишете на info@design.mk и содржините ќе бидат отстранети.

Design.mk го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина и услуги без претходна најава. Порталот не презема одговорност за било каква штета настаната од овие промени.

Го задржуваме правото на промена на Условите за користење во било кое време без претходна најава. За било кои поголеми промени може да ги известиме корисниците по пат на електронска пошта или објава на насловната страница. Со Вашето користење на нашите содржини сметаме дека во секое време сте запознаени со најновите правила.

Најпосетувани

Настани

Прегледај ги сите настани

Проекти

Прегледај ги сите проекти

Хаштаг

Ентериер Италија Париз Скопје Франција апартман архитектура декор дизајн дом дрво индустриски дизајн индустриски стил инсталација канцеларии кафуле комерцијален ентериер кујна куќа мебел моден дизајн направи сам обнова осветлување приватна куќа реновирање ресторан студентски проекти уредување хотел